Македонија
22. October 2025 - 9:20

Прекин во водоснабдувањето за корисниците на неколку улици во Скопје

Корисниците на неколку улици во главниот град денеска ќе имаат прекинато водоснабдување во одредени периоди од денот, соопштија од ЈП Водовод и канализација –  Скопје.

Корисниците на улиците „Софиска“, „Бриселска“, „Његошева“, „Копенхагенска“, „Стокхломска“ и „Петар Драганов“ ќе имаат прекинато водоснабдување од 09:30 часот поради двоење во шахта на ул. „Московска“ 12. Прекинот, како што соопшти Водовод, ќе трае до завршување со работните активности.

Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул.„9-ти Мај“ 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

 

МИА