Прекин во работењето на системот е-Даноци
Системот е-Даноци денеска од 16:30 часот ќе биде недостапен поради извршување неопходни интервенции, соопшти Управата за јавни приходи (УЈП).
Во овој период, даночните обврзници нема да можат да поднесуваат пријави и други електронски поднесоци преку системот е-Даноци. Се предвидува интервенцијата да трае неколку часови, а по завршување на активностите системот повторно ќе биде ставен во функција.
-Во периодот додека трае интервенцијата останатите системи на УЈП ќе бидат во функција и даночните обврзници непречено ќе може да поднесуваат пресметките за исплата на личен доход во е-ППД , вклучително и пресметки за плата (МПИН). Апелираме до сите корисници на овој систем да ги завршат своите итни и неодложни обврски пред започнување на интервенцијата, наведува УЈП.
Според Управата, целта на интервенциите е усовршување и оптимизација на е-Даноци за уште поефикасни и побезбедни услуги.
Ново на Сител
-
Печатено издание на „Плејбој“ - прво по пет години
-
Почна дводневниот бојкот на супермаркетите во Црна Гора
-
Марсело ја заврши кариерата
-
ИОК со реакција за забраната на Трамп за трансродови лица во спортот
-
Средба на Управниот одбор на ЗЕЛС со министерката за финансии
-
Македонските кошаркарки убедливо поразени во Белград
-
Приведен 50-годишен маж од Тетово поради кражба
-
Обвинение за четири лица за изведбата на фасадата на Владата