Македонија
3. January 2021 - 12:12

Прекин на топлинска енергија во населбата Водно

Дел од жителите во населбата Водно денеска ќе имаат прекин на топлинска енергија поради  дефект на дистрибутивната топловодна мрежа  на улицата „Загребска“, информира БЕГ. Екипите на Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи работат на санирање на дефектот, што се очекува да биде саниран во текот на денот.

За повеќе информации потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа на потрошувачи на телефонските броеви 3076 200 и 075-400-100