-->
-->
Прехранбени пакети за граѓани во социјален ризик од Македонска Каменица
-->

По повод новогодишните и божикните празници Македонска Каменица и рудникот „Саса“ ќе поделат 60 социјални пакети за ранливите категории граѓани и за граѓани во социјален ризик.
Градоначалникот на Македонска Каменица Дарко Митевски денеска истакна дека со оваа хуманитарна акција, општината и рудникот, како најголем стопански субјект, ја покажуваат својата грижа кон оваа ранлива категорија граѓани.
- Македонска Каменица во соработка со рудникот „Саса“, традиционално за време на новогодишните и божикните празници доделуваат прехранбени пакети и пакети со средства за хигиена, на семејства кои се во социјален ризик. Дел од пакетите беа доделени денеска, а останатите ќе бидат однесени во нивните домови. Освен овие пакети, подготвуваме пакети за пензионерите, рече Митевски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Хрватска го „скрши мразот“ за камионџиите: Долгорочни визи за спас од хаосот на границите
-

Тема на денот со Ерика Пирметс, експерт за дигитализација од Естонија
-

СДСМ го блокираше заемот од 260 милиони евра
-

Филипче: Власта води лицемерна политика
-

150 години од искрата што ја разбуди Македонија
-

Реакции и барање одговорност по протестот на албанските студенти
-

Поранешни судии, адвокат и нотар во трка за место во Судскиот совет
-

Депонијата во Радовиш гори петти ден, општината со препораки до граѓаните
