Свет
2. March 2022 - 22:00

Преговорите продолжуваат утре, вечерва повторно најави за напад на Киев

Сирените за опасност од воздушен напад повторно се огласија вечерва во Киев. Во текот на денот руските сили ги бомбардираа Харков и Мариопул. Објавија дека го зазеле градот Херсон, но ова го демантираше украинската страна.  Во вечерашното обраќање францускиот претседател Макрон им порача на Украинците дека и следните денови ќе бидат тешки.

Денеска за прв пат и Руското министерство за одбрана објави официјални податоци за заубите – загинале 498 руски војници, повредени се 1597. Итен прекин на огнот побара Генералното собрание на ООН попладнево.  Со 141 глас за, Обединетите нации ја осудија руската агресија во Украина. Против резолуција гласаа 5 земји, Русија, Белорусија, Сирија, Еритреја и Кореја. Воздражни беа 35 земји, меѓу нив Кина и Куба.

Преговорите пак, меѓу Русија и Украина продолжуваат утре. Руската делегација е веќе таму, а украинската се очекува да пристигне утре преку безбедносен коридор од Полска.

Втората рунда преговори ќе се одржи во месото Белевскаја пушча, национален парк во Белорусија во близина на Брест каде во 1991 година беше потпишан договор за распаѓање на СССР.