Преглед на вестите од светот
По неколку месечни тарифни мерки, САД и Кина постигнаа договор за привемено намалување на давачките едни против други. Двете страни треба да ги намалат тарифите за 115 отсто почнувајќи од среда и ќе траат следните 90 дена. Постигнавме договор за 90-дневна пауза и значително ги намаливме нивоата на царини. Двете страни ќе ги намалат реципрочните царини за 115 проценти. Имавме многу интензивни дискусии. Двете страни покажаа големо почитување изјави американскиот секретар за финансии, Скот Бесент.
Тоа значи дека aмериканските царини од 145 отсто за кинеските стоки ќе се намалат на 30 отсто а кинеските царини од 125 отсто за американските стоки ќе паднат на 10 отсто се вели во заедничката изјава на двете земји. Периодот од 90 дена ке биде искористен за продолжување на преговорите за трговијата.
- Двете страни се договорија за воспоставување механизам за консултации за трговски и економски прашања, ќе ги идентификуваат водечките лица од секоја страна и ќе продолжат со понатамошни консултации во врска со трговските и економските прашања. Хе Лифенг, вицепремиер на Кина.
Откако во јануари Доналд Трамп се врати во Белата куќа почна глобална царинска војна, наметнувајки најголеми давачки за Кина. Светската трговска огрнаизација го поздрави трговскот договор помеѓу САД и Кина а безрите во двете земји пораснаа.
Социјалистичка партија на премиерот Еди Рама убедливо води на парламентарните избори во Албанија. Од преброени 25 отсто од гласовите, социјалистите во чија коалиција е партијата на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, социјалистите во чија коалиција е партијата на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, освоила 52,5 проценти од гласовите, односно 83 пратенички мандати во 140-члениот парламен. опозициската коалиција предводена од Демократската партија на Сали Бериша добила 35 проценти. Еди Рама, кој е на пат да стане првиот лидер во посткомунистичка Албанија со четири последователни мандати изјави дека нема да ги коментира резултатите додека централната изборна комисија не ги преброи сите гласови.
Русија има рок до крајот на денешниот ден да се согласи на безусловен 30-дневен прекин на огнот во Украина или ќе се соочи со нови санкции од европските земји објави германската влада. Реакција стигна од Кремљ. Портпаролот на рускиот претседател Дмитри Песков ги појасни условите за прекин на огнот во Украина. Да се постигне прекин на огнот, потребни се директни преговори помегу Киев и Москва истакна Песков, додавајки дека санкциите не ја плашат Русија/ .Путин вчера му предложи на Киев да ги продолжи директните мировни преговори со Москва без предуслови во Истанбул на 15 мај, но не прецизираше дали сака лично да присусустува. Украинскиот претседател Зеленски го прифати предлогот на Путин и му порача на својот руски колега тој да дојде на разговорите во Труција на 15 мај.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар