Loading Video...
Свет
3. May 2025 - 16:40

Преглед на вестите од светот

38 годишна жена загина откако утрово и експлодирала бомба во рацете пред филијала на банка во центарот на Солун.

Според информациите кои ги сподели локалната полиција, жената планирала да ја постави бомбата пред банкомат за да го ограби. Грчката полиција соопшти дека жртвата од порано и била добро позната на полицијата по случаи поврзани со грабежи на банки. Предизвикана е поголема материјална штета, но нема други повредени. 

Српскиот Претседател Вучиќ попладнево е примен во српската воена болница откако му се слошило за време на посетата на САД. Според информациите кои ги објавија српските медиуми, Вучиќ побарал медицинска помош по што одлучил да ја прекине посетата и итно да се врати во Белград.

Поради тоа, Вучиќ ја пропушти закажаната кратка средба со Трамп и главните настани поради кои отпатува во САД. 

Под знак прашалник е дали ќе се појави и на Парадата во Москва која е закажана за 9 мај и каде Вучиќ го потврди своето присуство. Неговиот кабинет до овој момент нема соопштено детали за неговата здравствена состојба.

Австралија одржува национални избори но наместо господа во одела, полицајци со оружје и тензии пред избирачките места, горат скари, се гласа во костими за капење и сурферска опрема.

„Демократскиот колбас“ кој волонтери го делат пред влезот на гласачките места денеска е главен на менито.

Инаку на изборите фаворит е актуелниот премиер Антони Албанесе пред конзервативецот Петер Датон откако меѓу гласачите се намали желбата за промени со растот на грижите околу американските царини и економнската несигурност.