Loading Video...
Свет
17. јуни 2024 - 19:43

Преглед на вестите од светот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетањаху го распушти шестчлениот воен   кабинет  формиран по нападот на Хамас на 7 ми октомври лани  а  со цел да  управува со операциите против Хамас и Хезболах. Според аналитичари ,потегот на Нетањаху е очекуван, откако опозицискиот лидер Бени Ганц  неодмана се повлече од кабинетот  поради,како што рече, неуспехот на премиерот  да формира стратегија за војната во Газа.  Ганц стана дел од воениот кабинет , потег што тој рече дека е заради доброто на единството на земјата.  Нема да има нов состав на  воениот кабинетот. Нетанјаху сега се очекува да одржува  консултации за војната во Газа со мала група министри, вклучително и министерот за одбрана Јоав Галант и министерот за стратешки прашања Рон Дермер, кои беа во воениот кабинет. . Израелската  армија продолжува со нападите во Газа. Тензите растат и на изарелско либанската граница.  Израелски воени авиони   уништија воениот комплекс на Хезболах во јужен Либан, додека десетици ракети беа истрелани кон северен Израел. „Зголемената агресија на Хезболах не доведува до работ на она што би можело да биде поширока ескалација што може да има катастрофални последици за Либан и за целиот регион. Хезболах ја загрозува иднината на Либан – за да може да биде штит за Хамас“, изјави Даниел Хагари, портпарол на израелската одбрана. Хезболах порача дека ќе ги запре нападите само ако има примирје во Газа. Жителите во северен Израел се загрижени за ескалацијата на борбите со Хезболах.

„Многу е тешко да се биде овде, секој бум што ќе го слушнам ме замрзнува. Понекогаш алармот почнува да работи откако проектилот ќе дојде на земја изјави Јувал Малка, жител од северен Израел .

Железната купола нема да може да покрие сè, може да бидеме отсечени од струја, отсечени од интернет. Ние сме на работ на војна овде на север. Сарит Зехави

Властите во Калифорнија евакуираа најмалку 1200 луѓе поради  големиот шумски пожар во округот Лос Анџелес. Огнената стихија  зафати површина од 12 000 хектари е и во близина  на автопатот кај градот  Горман. Возачите кои застанаа да го фотографираат пшжарот предизвикаа неколку сообраќајни несреќи на автопатот.  Протипожарните служби од копно и од воздух се борат со пламените јазици.

Европската комисија очекува Грција да ги истражи случаите дека крајбрежната стража фрлала мигранти во морето, за кои утрово  јави Би-Би-Си, а тие се удавиле пред да стигнат во ЕУ и да бараат азил. Миграцијата мора да се управува со хуманост и достоинство“ соопшти ЕК. Би-Би-Си објави анализа во која, повикувајќи се на сведоци, тврди дека грчката крајбрежна стража е одговорна за смртта на најмалку 43 мигранти во Средоземното Море во периодот од мај 2020 до мај 2023 година ,, вклучително и девет кои биле намерно фрлени во водата. Грчката крајбрежна стража, ги отфрли сите обвинувања за незаконски активности.