Преглед на вести од светот
Грузиската претседателка Саломе Зурабичвили го повика грузијците вечрва да излезат на протести против победата на про-руската владејачка партија „Грузиски сон“ на саботните парламентарни избори. Обвини за руско мешање во исходот на изборите но не презентиташе никакаков доказ за да го поткрепи нејзинито тврдење.
„Ние не бевме само сведоци, туку и жртви на она што може да се опише само како руска специјална операција - нова форма на хибридна војна водена против нашиот народ и нашата земја. „Како последна независна институција во оваа земја, морам јасно да кажам дека не ги признавам овие избори. Нивното признавање би било еднакво на легитимирање на преземањето на Грузија од страна на Русија.
Според Централната изборна комисија, Грузиски сон , освои 89 места во 150 члениот парламент, едно помалку отколку што обезбеди во 2020 година, додека четирите прозападни опозициски партии добија вкупно 61 место. Опозициските партии вчера порачаа дека не ги признаваат изборните резултати. Ги нарекоа лажни и ја обвинија победничката партија за кражба на гласови . Грузиките и мегуанродните набњудувачи регистрирале инциденти како полнење гласачки кутии, поткуп и заплашување на гласачите . ЕУ и САД ја повикаа ГРузија брзи и транспаренто да ги истражи пријавените изборни прекршувања додека Русија ги отфрли обвинувањата на грузиската претседателка за мешање во парламентарните избори во Грузија.
НЕТАНЈАХУ ГО ОТФРЛИ ЕГИПЕТСКИОТ ПРЕДЛОГ ЗА ПРЕКИН НА ОГНОТ ВО ГАЗА
Изарелскиот премиер Бенјамин Нетањаху ја отрфли иницијативата предложена од Египет за краткорочен прекин на огнот со Хамас во Појасот Газа. Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси предложи дводневно примирје за размена на четворица изарелски затвореници за некои палестински затвореници држани во израелски затвори а потоа да има нови преговори во рок од десет дена од спроведувањето на нивниот предлог. ЦЕлта е да се постигне траен прекин на огнот изјави Ал Сиси. ИЗарелскиот премиер порача дека Израел нема да ја прекине војната додека не се постигнат сите негови цели - уништување на Хамас, ослободување на сите заложници и обезбедување дека Појасот Газа никогаш повеќе не претставува закана за Израел. Египетските медиуми претходно објавија дека Хамас е подготвен да го прифати египетскиот предлог. Според податоци на израелската армија, 101 лице сеуште се во заробеништво на Хамас во Газа.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар