Loading Video...
Свет
9. September 2024 - 16:27

Преглед на вести од светот

Руските разузнавачки служби извршиле сајбер напади врз земјите на НАТО и ЕУ, предупредуваат на Твитер германските безбедносни служби.

Во нивната објава се наведува дека руските хакери шпиниорале и саботирале веб страници, при што се краделе податоци на корисниците.

Предупредување за хакерски напади од руски служби издаде и ФБИ, како и американската агенција за сајбер безбедност и инфраструктура.

Црвените аларми на повеќе безбедносни служби се вклучуваат во време кога низ цела Европа владее загриженост за активностите на руските хакери и шпиони.

Претходно оваа година Берлин ја обвини Русија за серија сајбер напади врз германските владејачки социјалдемократи, како и врз компании од логистиката, одбраната, воздушната и ИТ секторите.

 

Започна 24-часовниот штрајк на таксистите во Атина. Грчката метропола до утре ќе остане без такси превоз оти возачите се лути на новите одлуки донесени од грчката влада.

Од Синдикатот потенцираат дека новите даночни и осигурителни закони ќе ги доведат до финансиска пропаст, а планираната транзиција кон електрични возила до 2026 година ќе ја загрози нивната професија.

За денеска е закажан и состанок на Генералното собрание на кое ќе разговараат за проблемите со кои се соочуваат.

 

Тајфунот Јаги, најмоќната азиска бура оваа година, зад себе остави десетици мртви во Виетнам и предизвика голема материјална штета. Метеоролошката агенција предупреди на нови поплави и лизгање на земјиштето.

Властите соопштија дека се урнач и најфрекфентниот мост во провинцијата Фу То. При уривањето на мостот исчезнале околу 10 автомобили, 2 мотори и 13 лица.

Луѓето се евакуираат со чамци, бидејќи надојдената вода потопила станбени области и патишта.

Според официјалните власти, досега загинале 35 лица, а 24 се водат како исчезнати, најмногу поради лизгање на земјиштето и поплавите предизвикани од тајфунот. Милиони домаќинства и компании останаа без струја, а поплавени се и голем број на автопатите.