-->
-->
Прегазени две момчиња, возачот избегал од местото на несреќата
-->
Две млади момчиња прегазени на пешачки премин во Тетово, возачот избегал од местото на несреќата. Како што информираат од МВР, вчера околу 17.30 часот на пешачки премин на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово патничко моторно возило „Голф“ без регистарски ознаки удрило во пешаците А.Д.(22) од село Џепчиште, тетовско, и Б.Т.( 22 ) од село Гајре, тетовско, по што го напуштил местото на настанот. Притоа, пешаците се здобиле со повреди и биле пренесени во тетовската клиничка болница за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа на СВР Тетово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје