-->
-->
Прегазени две момчиња во Тетово
-->
Повредени двајца пешаци на тетовските улици, станува збор за лица на возраст од 15 и 18 години, повредените веднаш биле хоспитализирани. Како што информираат од полицијата, вчера околу 19.30 часот на кружниот тек на улиците „Видое Смилевски-Бато“ и „Браќа Миладинови“ во Тетово, патничко возило „Ауди А4“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.Б.(30) од Тетово, удрило во двајца пешаци од Тетово на возраст од 15 и 18 години.
Повредените пешаци, соопшти денеска МВР, биле пренесени во тетовската клиничка болница и по укажаната помош биле задржани за понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Tетово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Второ убиство во Ѓорче Петров
-

Даночни инспектори обвинети за поткуп - му откривале на Деко кога ќе има контроли во „Пулс“
-

Дигиталното насилство како реална опасност
-

Расте бројот на деца жртви, но и на малолетници кои прават прекршоци
-

Владата формира национален комитет за заштита на новинари
-

Народниот правобранител нотира - ниту еден затвор нема 24-часовна здравствена служба
-

Постизборна Србија: Студентите бараат чистка во медиумите
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања
