-->
-->
Прегазен велосипедист во Тетово - полицијата трага по возачот
-->
Несреќа во Тетово, прегазен велосипедист, возачот избегал од местот на несреќата. Според информациите на МВР, вчера околу 16 часот на улица „Киро Ристовски-Дрнц“ во Тетово непознато возило удрило во велосипед што го управувал Л.С.(24) од Тетово, по што возилото веднаш го напуштило местото на настанот. Притоа, велосипедистот се здобил со повреди и бил пренесен во тетовската клиничка болница, каде по укажаната помош бил задржан на лекување.
Извршен е увид, се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот на возилото и за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кремљ потврди дека се подготвува телефонски разговор на Путин со Трамп
-
Шкендија со пораз од Силекс слави титула во ПМФЛ
-
Трамп најави одвоени телефонски разговори со Путин и Зеленски во понеделник
-
Американец за кого постои сомневање дека е заразен со ебола имал контакт со најмалку 26 Чеси
-
Повеќе од 150 делегации се регистрираа за инаугурацијата на папата Лав Четиринаесетти
-
Крушево домаќин на првото државно првенство во планински велосипедизам
-
УХМР: До понеделник пониски утрински температури, дневните во пораст
-
МВР: Пријава за угостител кој точел алкохол на малолетно лице во Македонска Каменица