Прегазен велосипедист и осум повредни лица во сообраќајки низ Скопје

Велосипедист е тешко повреден, а со полесни повреди се здобиле осум лица во шест од осумте регистрирани сообраќајни незгоди во Скопје во изминатите 24 часа. Две сообраќајки се со последица материјална штета.
Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР - Скопје, во тек на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број на прекршоци.
Пет возачи поминале на црвено светло на семафор, 18 пешаци поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор, седум возачи не отстапиле првенство на минување на возилата во зона на крстосница, седум не ги почитувале правилата за престигнување и обиколување на возилата и тројца возачи не почитувале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин.
Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 59 возила.
Во делот на превентивните активности денеска ќе се одржат едукативни работилници со учениците од второ и четврто одделение во ОУ „7 Март“, општина Чаир.
За денеска не се најавени вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.
Утре со почеток во 17 часот и 30 минути во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамки на Лигата на шампионите ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар помеѓу ЖРК Вардар и Ларвик, Норвешка. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, од сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување и пренасочување на сообраќајот.
Ново на Сител
-

82-годишник почина по тепачка со 76-годишник за лежалка на плажа во Грција
-

Пациент тврди дека бил претепан од болничар, од установата пријавиле дека паднал од кревет
-

69-годишна жена од валандовско изгоре во пожар во сопствената куќа
-

Холанѓанец и Шпанец нападнале арачиновец во Аеродром
-

Мицкоски во Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото каде што се носат важни одлуки
-

Заминал на работа и исчезнал, неколку часа подоцна пронајден мртов на стадион со моторна пила до него
-

Македонските земјоделци произведуваат повеќе со помалку земја
-

Тројца убиени и 10 повредени во Дњепар во повеќе руски напади во текот на ноќта
