Прегазен пешак во Ново Лисиче, загина на самото место
Педесет и седумгодишен пешак синоќа загина во сообраќајна несреќа што се случи на булеварот „Видое Смилевски – Бато“, во скопската населба Ново Лисиче, кога во него удрило возило со германски регистарски таблички, управувано со полномошно од македонска државјанка.
Според првичните сознанија, како што соопшти Јавното обвинителство, несреќата се случила кога 57-годишниот пешак излегол на булеварот надвор од обележан пешачки премин. Притоа, на него налетало возило „Шкода октавиа“ со германски регистарски таблички, управувано со полномошно од македонска државјанка. Од ударот, пешакот починал на лице место.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатото лице е предадено на обдукција, а ќе се испитува и присуство на алкохол во крвта и урината на возачот на автомобилот.
Од Министерството за внатрешни работи е побарано да изврши проверка на снимките од видео надзорот на околните објекти и на системот „Безбеден град“ со цел да се утврди дали камерите го регистрирале настанот. Во насока на утврдување на фактичката состојба ќе биде издадена и наредба за сообраќајно-техничко вештачење.
Ново на Сител
-
Колагенот важен против опасноста од рак
-
Србија: Ректорскиот колегиум го одби повикот на Вучиќ за дијалог
-
Уапсена 41-годишна жена од Битола поради кражба
-
Ја заклучил и тепал поранешната партнерка, си ги пресекла вените да се спаси а тој продолжил да ја тепа
-
Почина новинарот и публицист Теофил Панчиќ
-
Стабилно време со студени утра и во наредните денови
-
„Нашите планови ги срушија за миг“, емотивен текст на момчето на Фросина
-
57-годишен маж од кочанско загина во сообраќајка