-->
-->
Прегазен пешак во Куманово
-->
Вчера во 11.40 часот било пријавено дека на крстосница од улиците „Христијан Тодоровски Карпош“ и „Киро Фетак“ во Куманово патничко возило „шкода фабија“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.М.(20) од с.Матејче, општина Липково, удрило во пешакот М.К.(84) од Куманово.
Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Европски лидери се придружуваат на Зеленски за средбата со Трамп во Вашингтон
-
Пожари во Црна Гора - критична состојба во Пипери и околните општини
-
Мерц со критика за самитот Трамп - Путин: Помалку ќе беше повеќе
-
Земјотрес од 6 степени во централна Индонезија, најмалку 29 повредени
-
По вчерашните немири во Србија, повредени шест полицајци, приведени 56 лица
-
ЦУК: 10 пожари на отворен простор, шест активни и еден под контрола
-
Утре посвежо со локален дожд и грмежи, од вторник претежно стабилно и потопло
-
Приведен скопјанец, возел со 3,30 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка