Прегазен пешак итно пренесен во болница - За 24 часа во Скопје девет сообраќајки
Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје сообраќајната полиција извршила увид на вкупно девет сообраќајни незгоди.
Од нив, пет се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле четири лица, од кои еден возач на патничко моторно возило, двајца сопатници и еден пешак.
Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда околу 15 часот и 30 минути на крстосницата од ул. „Ѓорче Петров“ и сервисна улица. Во незгодата учествувале патничко моторно возило „хонда џет“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и пешак, граѓанин на Скопје. По незгодата пешакот со возилото на учесникот бил пренесен во ГОБ „8 Септември“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди и истиот бил задржан на понатамошно лекување.
Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе одржи едукативни работилници во ОУ „Кузман Шапкарев“ кое се наоѓа во населеното место Драчево на подрачјето на општина Кисела Вода со учениците од второ и четврто одделение.
Во спортската арена „Борис Трајковски“ англискатата група Вајт снејк денеска ќе одржи концерт. Со цел непречено и безбедно одвивање на оваа музичка манифестација и на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а во зависност од моменталните состојби и пренасочување на сообраќајот. Од сообраќајната полиција апелираат граѓаните кои ќе дојдат на концертот да ги почитуваат знаците и наредбите коишто ќе им бидат давани од страна на сообраќајни полициски службеници, а доколку дојдат со возило истото да го паркираат на околните дозволени паркинг простори.
Ново на Сител
-
Трамп: За две недели ќе знаеме дали е можен напредок во преговорите за Украина
-
Хегсет нареди припадниците на Националната гарда во Вашингтон да носат огнено оружје
-
Важно е да имаме убаво место за живеење | Каја Шукова | Неформално | Sitel Podcast 110
-
ЦУК: Активен пожарот кај селото Тумчевиште, под контрола се пожарите во Јасен и во прилепско
-
Лајен: ЕУ ќе издвои над четири милијарди евра за Украина
-
Лукашенко во телефонски разговор со Трамп се заложил за прекин на воените акции во Украина
-
Илјадници Италијанки жртви на виртуелно сексуално насилство
-
Вучиќ ги повикува студентите во блокада на разговор, тие му одговорија - Прво распиши избори