Македонија
10. јуни 2021 - 12:13

Прегазен малолетен пешак во Скопје

Вчера во 19.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Љуба Ивановиќ“ во Скопје, патничко моторно возило „пежо 108“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Д.(57) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје, информираат од МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.