Свет
9. May 2017 - 9:16

Предвремени претседателски избори во Јужна Кореја

Јужнокорејците гласаат за нов претседател, а гласањето ќе заврши во 20.00 часот по локално време. Резултатите ќе бидат соопштени на 10 мај. 

Одлуката за одржување на предвремени избори, беше донесена откако конзервативната претседателка Пак Гуан-хе беше отстранета од функцијата, а потоа и уапсена, поради корупциски скандал. 

Според социолошките истражувања, најголеми шанси за добивање на претседателските избори има поранешниот лидер на Демократска партија „Тобуро“ Мун Џе-ин. Тој ужива поддршка од 42,2 проценти. 

По него, со голема разлика се Ан Чиол-су од централистичката Народна партија и конзервативецот Хонг Џун-пио од Корејската партија на слободата. Двајцата уживаат поддршка од по 18,6 проценти. 

На изборите учествуваат 13 кандидати, но според социолозите шанса за победа имаат само тројцата фаворити. 

Над 11 милиони лица веќе го дадоа својот глас, користејќи го правото за предвремено гласање што се одржа в четврток и петок. 

Во Јужна Кореја се регистрирани 42,5 милиони гласачи.