Предвремени избори - Затворена тема
На домашната политичка сцена, Владата вчера го затвори прашањето за предвремени избори заедно со локалните, откако оваа понуда Премиерот ја даде на последната седница за пратенички прашања. Владиниот портпарол вчера не сакаше да го коментира обвинувањата од опозицијата за перформансите на Владата, само констатираше дека во моментов на Иленденска се на ставот дека изборите нема да променат ништо освен што ќе донесат дополнителни трошоци.
Понудата за избори ја прифати ДУИ од каде најавија и оставка на Ахмети доколку загубат на нив. Лидерот на СДСМ рече дека неговата партија е подготвена за избори, иако пред крајот на месецов е закажан партискиот Конгрес на кој треба да се избере ново партиско раководство и да се направат статутарни измени. Против избори веќе се изјаснија од коалицијата Вреди, а од ЗНАМ велат дека се подготвени во било кое време да излезат на избори.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
34 лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека
-
СДСМ ја поздравува проширената истрага но смета дека е задоцнета
-
Македонија и Унгарија потпишаа договор за стратешка соработка
-
Претседателката: Не е проблем да разговарам со премиерот Жељасков
-
Правда финализираше пет закони од Реформската агеда
-
СЗДСМ - или современи помагала или лицата со дијабет ќе излезат на протест
-
Меџити: Забранивме 226 онлајн коцкарници – ова е директен удар врз криминалната мафија