-->
-->
Предводени од Ристовска, македонските ракометарки поуспешни од Исланд
-->
Македонската женска ракометна репрезентација вчера ја совлада соодветната селекција на Исланд со 24:17 во првиот од трите натпревари на квалификацискиот турнир за Светското првенство 2021.
Најдобра на дуелот одигран во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, беше Сара Ристовска која постигна 11 гола. Значаен придонес во успехот на „црвено-жолтите“ дадоа и Елена Ѓорѓиевска со шест погодоци и голманката Матеја Серафимова со осум одбрани.
Денес 17 часот македонските ракометарки ќе се соочат со литванската селекција, додека в недела турнирот ќе го завршат со натпреварот со Грција.
Двете првопласирани на крајот на турнирот ќе обезбедат место во баражот за Мундијалот во Шпанија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи