Предупредување од францускиот министер за економија Емануел Макрон до Велика Британија
Франција ќе биде „нефлексибилна ако Британците изберат да ја напуштат Европската унија“, предупреди францускиот министер за економија, пренесува дописникот на МИА од Париз.
- Или сме во, или надвор од Унијата, изјави министерот за економија, Емануел Макрон, кој тврди дека Франција ќе биде непопустлива во однос на Велика Британија, ако Британците изберат да ја напуштат Европската унија.
Во интервјуто објавено во викенд изданието на париски „Ле Монд“ тој вели дека Европскиот совет ќе го стори истото.
Европскиот совет од 28 јуни мора "да им даде ултиматум на Британците за нивните намери и претседателот на републиката (Франција)ќе биде многу јасно во овој поглед", објаснува тој.
- Ние не можеме, и тоа е во интерес на ЕУ да се остави да лебди двосмисленост и да помине премногу време. На денот по излегувањето, ќе нема повеќе финансиски пасош за британските институции, предупредува тој.
Макрон смета дека Британците, ако тие сакаат да имаат и понатаму пристап до европскиот пазар, ќе треба да придонесуваат за буџетот на ЕУ, како Норвешка и Швајцарија.
Во случај на одбивање, "тоа мора да биде целосно излегување", инсистира министерот.
Па дури и ако гласањето биде во полза на продолжување на останувањето на Велика Британија во Европската унија, Емануел Mакрон нагласува дека специјалниот статус до кој се дојде со преговори на почетокот од оваа година од страна на Лондон, не треба потоа да се бара од страна на други држави.
- Нашиот предизвик, следниот ден, е двоен: да се спречи контаминација на Брегсит, и веднаш да се врати динамика на позитивниот проектот за Европа, нагласува тој.
Ново на Сител
-
71-годишна жена измамена со лажна сообраќајна несреќа за сума од 36.300 евра
-
Путин го свика рускиот Совет за безбедност за да го информира за разговорот со Трамп
-
Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето
-
Жена во Карош со автомобил удрила во автомобилот на партнерот, па му ги дупнала гумите и физички го нападнала
-
Непознато лице од автомобил пукало кон дом во Ѓорче Петров, пронајдени две зрна и оштетување во домот
-
Закани и физички напад меѓу активисти на две партии додека делеле изборен материјал во Куманово
-
Во рок од два дена приведени 8 лица од Скопје откако кај нив е пронајдена дрога
-
Во дом за згрижување на деца во Скопје, малолетници имале сексуални односи пред 12-годишно дете од домот