Предупредувачки протест на жителите од кочанското село Бели поради чадот од градската депонија
Жители од селото Бели денеска излегоа на мирен протест пред управната зграда на комуналното претпријатие „Водовод“ од Кочани, за да изразат незадоволство и револт поради загадувањето на воздухот што го предизвикува чадот од градската депонија, што е во непосредна близина на населбата.
Од одговорните во претпријатието, но и од локалната власт, побараа да преземат итни мерки за гаснење на запалената депонија, за да не бидат принудени да го блокираат нејзиниот влез и понатамошното користење.

– Ова е предупредувачки собир затоа што имаме сериозен проблем, а никој не презема ништо за негово решавање. Депонијата чади повеќе од пет месеци, а поради местоположбата на нашето село, тоа секое утро е прекриено со густа магла од која не се излегува надвор затоа што чадот смрди и ги пече очите. Пред извесно време имавме состанок со градоначалникот и со директорот на „Водовод“’, но како и секогаш добивме само ветувања дека се работи на случајот и огнот на депонијата ќе биде изгаснат, но резултатите на терен покажуваат нешто сосема спротивно. Ако во најкраток период не преземат нешто конкретно, овој предупредувачки протест ќе прерасне во 24-часовна блокада на влезот во депонијата и на возилата за собирање отпад, истакна Дарко Арсов, жител на Бели.
Жителите на Бели нагласија дека чадењето од депонијата се повторува, откако во изминатите неколку години беа преземени мерки за гаснење на огнот.

-Проблемот го имавме и порано, но пред три години тогашното раководство на „Водовод“ најде решение, дали со користење раствор од природни алги или со затрупување со земја, го спречуваа палењето и испуштањето чад. Затоа, повикуваме и сега да се постапува исто, а ако од управата на претпријатието не знаат како, нека ги прашаат своите претходници, истакна Злате Данов, жител на Бели.
Од КЈП „Водовод“ информираа дека имаат разбирање за реакциите на жителите од Бели и другите населени места, но огнот на депонијата бил подметнат и се преземаат активности состојбата да се стави под контрола.
Ново на Сител
-

Вучиќ поднесе оставка, пред крај помилува 49 лица поврзани со протестите
-

Протест во Скопје за поддршка на поранешните команданти на ОВК
-

Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска, директорка на ЦУП
-

Заливот на коските и Самоиловата тврдина најпосетени локалитети
-

Средновековната кула на Беласица ќе стане дел од туристичката понуда на Ново Село
-

Филмот „Македонецот“ потсетник на прогонството и заборавените траги на историјата
-

Делчево очекува деблокада на општинската сметка
-

Протести во Скопје за поддршка на осудените водачи на ОВК
