-->
-->
Предновогодишна трка до врвот на Водно
-->
Сите заинтересирани планинари и велосипедисти утре ќе можат да се придружат на последното искачување на Водно за годинава. Турата ја организира Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје.
Стартот за сите учесници е закажан во 9 часот пред училиштето „Кочо Рацин“. На целта на врвот на Водно во планинарскиот дом, за групата ќе биде послужено посно тавче гравче, кое го обезбеди производителот „МАМА’С“.
Се препорачува сите учесници да понесат облека и опрема соодветна за овој дел од годината за ден поминат во планина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Кирил Михаилов, заменик директор во Национални шуми
-
ВМРО-ДПМНЕ го осуди настанот
-
Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло
-
Повторно гори кај Желино: Состојбата на другите места ширум државата е стабилна
-
Министерот за спорт барал Младинската олимпијада да не се одржи во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: За Кочани прашајте го Коцевски
-
СДСМ: Има ли Алказар Енерџи одобрение за изградба
-
Осуммина повредени од трагедијата во Кочани се уште во болница