Предновогодишен концерт на оркестарот на Армијата со музичари од оркестрите на Вооружените сили на Франција, Унгарија, Италија и САД
Под мотото „Заедно посилни во хармонија на звуците“, припадниците на оркестарот на Армијата со музичари од оркестрите на Вооружените сили на Франција, Унгарија, Италија и САД под диригентската палка на потполковник Горан Илијевски, вчеравечер во Македонската филхармонија го одржаа традиционалниот предновогодишен концерт.
По интонирање на државната химна, како што е наведено во соопштението од Генералштабот на Армијата, публиката имаше можност да проследи синхронизирана изведба на повеќе нумери од повеќе светски и македонски композитори. Концертот на воените оркестри од сојузничките земји, како и од земјите од регионот и пошироко, прерасна во проект во рамки на меѓуармиската соработка, кој традиционално се изведува неколку години во пресрет на Нова година или друг државен празник, претставувајќи го силното партнерство и трајните врски на пријателството и соработката.
Предновогодишниот концерт го проследија претседателката и врховен командант Гордана Сиљановска Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски, министри во Владата, пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, претставници на дипломатскиот и воено-дипломатскиот кор акредитирани во Република Северна Македонија, активни и пензионирани генерали на Армијата, припадници на Министерството за одбрана, Генералштабот и командите на Армијата и други гости.
Воениот оркестар на Армијата во изминатиот период има реализирано голем број на концерти, а многупати и во останатите градови во Републиката. Особено забележителни беа настапите: на воените оркестри од армиите на Република Северна Македонија, Албанија, Хрватска и Словенија во 2023 година; со воениот оркестар на ВС на Албанија по повод 30-годишниот јубилеј на Армијата; трилатералниот предновогодишен концерт со воените оркестри на Албанија и Хрватска во 2019 година, во која година беше и заедничкиот концерт на пет воени оркестри во рамки на активностите за одбележување на „Недела на НАТО“, каде изведби имаа оркестарот на Армијата на САД за Европа, Грција, Словенија и Обединетото Кралство; потоа трилатералниот концерт во 2018 година со воените оркестри на Вооружените сили на Република Бугарија и Војската на Црна Гора, а уште претходно забележителен настап имаа и со воениот оркестар на Република Турција во 2014 година.
Ново на Сител
-
Напад на божиќен пазар во Магдебург: Еден загинат и десетици повредени
-
Руски брод испрати аларми за помош во Керченскиот теснец поради недостиг на храна
-
Облачно со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег
-
Еврејски доселеници запалија џамија на Западниот Брег
-
Турција подготвува план за враќање на сириските бегалци
-
Врачена протестна нота на рускиот амбасадор Баздникин од страна на МНР
-
137 килограми марихуана запленета во камион на македонски државјани
-
Борисов: Балканскиот поток е гасовод на пријателството