Предновогодишен концерт на детскиот хор „Мали ангели“
Детскиот хор „Мали ангели“ вечер, со почеток во 19 часот ќе одржи предновогодишен концерт во киното „Мис Стон“. Хорот функционира од 2011 година, а во него членуваат 40 деца на возраст од 8 до 14 години.
Целосната организација за дејствување на детскиот хор е на Арт 10 продукција, која 24 години се грижи за младите уметници и нивниот развој. Функционирањето на хорот „Мали ангели“ е поддржано од Министерството за култура, бизнис секторот и градоначалникот Марјан Ристески.
- Малите ангели повторно ќе ги исполнат срцата на посетителите, бидејќи целта е развивање на музичката култура кај децата, не само во градот, туку и во Македонија. На младите да им се отворат нови хоризонти, да ги воведеме во тајните на хорското и соло пеење. За овој краток период постигнавме многу. Целта во иднина е настапи низ градовите во земјата и во странство, информираат од Арт 10 продукција.
Ново на Сител
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024
-
Шарпланинецот Љубо од одгледувачницата на прилепското семејство Каравилоски стана светски шампион