-->
-->
Предложен притвор за 37-годишик за недозволено држење муниција
-->

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка и предложи мерка притвор за 37-годишник осомничен за „неовластено држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи“.
Како што информира денеска Јавното обвинителство, вчера при претрес во автомобилот на осомничениот на улицата „Кемал Сејфула“ биле пронајдени 100 куршуми со калибар 7,62Х39 милиметри наменети за испалување од различни видови огнено оружје.
Притворот е предложен поради опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото што му се става на товар.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Дневно во Клиниката „Козле“ имаат по 150 прегледи на болни деца
-

Рапиден раст на бројот на пациентите со мозочен удар
-

Балканскиот рис исчезнува
-

Преглед на вестите од светот
-

Анализа: Дали кампањата меѓу двата круга може да го промени мислењето кај гласачите?
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, кандидат на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник на Карпош
-

Мицкоски и Филипче повикуваат на масовност во втор круг
-

Завршни пораки на кандидатите за градоначалници
