Предлогот за мерки за претпазливост за „Тендери“ кај судија на претходна постапка
Предлогот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за определување мерки на претпазливост против две лица од предметот „Тендери“ е распореден кај судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје.
Како што информира Судот, судија на претходна постапка треба да ги повика лицата за кои се однесува предлогот за да се произнесат во врска со него. За сите нови дејствија поврзани со предлогот, најавува Судот, јавноста ќе биде дополнително информирана.
Со предлозите за мерки за претплазливост што СЈО ги достави вчера до Основниот суд Скопје 1 се бара осомничените лица да се јавуваат еднаш неделно, односно секој вторник во 10 часот кај определено службено лице во Основниот суд Скопје 1 Скопје.Воедно, за двете осомничени лица е побарано определување и мерка претпазливост одземање на патна исправа, поради, според СЈО, постоење околности кои упатуваат на опасност од бегство.
„Тендери“ е истрага што СЈО ја објави вчера, а се однесува за изведување градежни работи на Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје, заедно со истрагата „Топлик“ во врска со продажба на градежната парцела за изградба на резиденцијалната насeлба „Сончев град“.
Ново на Сител
-
Влада: За следната учебна 2025/2026 година ќе се доделат 1570 стипендии за дуалното образование, најголем број досега
-
Гувернер на САД: Уапсен осомничениот за убиството на политичарка и нејзиниот сопруг
-
Регистриран земјотрес во Охрид и околината
-
Оштетена амбасадата на САД во иранскиот напад врз Тел Авив
-
Повеќе од 40 000 странци „заглавени“ во Израел, евакуација чекаат и 22 македонски државјани
-
Во израелските напади врз Иран убиени најмалку 224 лица
-
Макрон ја отфрла идејата на Трамп за Путин како посредник во мирот
-
Скопје домаќин на форум за енергетската транзиција на Западен Балкан - МЕФ25