Предлог законот за судска служба поставен на ЕНЕР
Министерството за правда утрово информираше дека веќе е изготвен предлог законот за судска служба кој е дел од препораките од реформската агенда. Како што информираатод министерството, предлог законот може да се најде на енер системот.
Со цел да се обезбеди независност на судството, Предлог законот предвидува изземање на судските од административните службеници регулирајќи ги правата и статусот на вработените во судската служба.
Се воспоставува систем за управување со ефектот на судските службеници, работните цели и задачи, утврдување на индивидуалниот план за стручно усовршување, како и постапка за оценување на ефектот на судскиот службеник, информираат од министерството и апелираат сите заинтересирани да дадат свои предлози и коментари. Овој закон, нагласуваат од правда треба да се донесе до јуни оваа година.
Ново на Сител
-
Од петок маркетите ќе ги објавуваат цените на сите производи на интернет
-
Ја менува ли политиката Германија кон проширувањето
-
Мицкоски во Обединетите Арапски Емирати
-
Тема на денот со Борче Треновски, професор
-
Сведочење на Палевски
-
Венко Крстевски ќе раководи со Кочани до локалните избори
-
Осомничениот Дритон Куќи се врати во Македонија, истрагата за пожарот во Кочани продолжува
-
Левица поднесе интерпелација за Тошковски