Предлог за намалување на цената на паркингот во Штип

Општина Штип и ЈП „Стипион“ кое стопанисува со паркинг местата во централното подрачје денеска информираа дека е донесена предлог-одлука за намалување на цената на дневниот и месечниот билет за паркинг.
Портпаролот на општина Штип, Драган Ристов денеска информираше дека дневниот билет ќе се намали за 20 денари.
- Тоа значи дека дневниот билет кој чинеше 80 со намалувањето ќе чини 60 денари, а месечната карта за паркинг местата од 600 ќе чини околу 400 денари. Има и други намалувања во зависност на категоријата, рече Ристов.
Општина Штип располага со 520 места за платен паркинг низ централното градско подрачје. Засега не е планирано нивно проширување.
- Во просек ЈП „Стипион“ има приход од 250.000 до 300.000 денари или од 4.000 до 5.000 евра месечно со платениот паркинг. Секако тоа зависи и од бројот на возилата. Кога имаме манифестации имаме и повеќе посетители, а со тоа и возила кои бараат паркинг, вели Ристов.
Средствата кои се собираат од платениот паркинг се доволни за да ги покријат платите и придонесите за деветмината вработени. Предлог одлуката за намалување на цената на паркинг местата во Штип е ставена на дневен ред на седница на Советот на општина Штип во петок, а на која се очекува советниците да ја прифатат.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
