Македонија
22. July 2024 - 17:12

Предизвикал пожар додека го стартувал тракторот, зафатена и „алфа ромео“

На 21.07.2024 во 11.15 часот во СВР Штип, С.Т.(28) од Штип пријавил дека околу 11.00 часот во дворно место во с.Врсаково, штипско, додека го стартувал неговиот трактор „имт 533“, од искрење настанал пожар на сува трева од кој бил опожарен тракторот и неговото патничко возило „алфа ромео“ со штипски регистарски ознаки, информира МВР.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.