Невакцинираните деца од Долно Коњаре ќе се повикуваат на вакцинација против морбили
По случајот со морбили кај 12-годишно дете од Долно Коњаре во Општина Петровец, епидемиолошките служби и Институтот за јавно здравје ќе реагираат со пребарување на невакцинирани лица, со кампањи и одење на терен, како и во училиштата на таа територија, најавува проф. д-р Кети Ставриќ, имунолог и член на Комисијата за имунизација.
Во гостување на ТВ Сител, проф. д-р Ставриќ вечерва рече дека тоа ќе се прави за да се спроведе директна вакцинација и да се вакцинираат сите деца кои не се вакцинирани, но и да се поканат под итно на вакцинација децата на помала возраст кои ја имаат пропуштено.
Во однос на тоа колку е голем ризикот 12-годишното дете да ја проширило заразата, посочи на релативно нискиот опфат со имунизација во Скопје.
-Постои многу висок ризик децата кои не се вакцинирани да дојдат во контакт со ова дете кое веројатно било и во болници, лаборатории, бидејќи се правеле анализи. Тие што не се вакцинирани, доколку дошле во контакт со него може да заболат, рече Ставриќ.
Како што нагласи, се уште се бориме да го подигнеме опфатот со вакцинација од над 90 проценти, а само опфат од 95 проценти може да не заштити.
-За жал, опфатот се уште е низок, со првата доза е 73 проценти. Скопје е проблематично бидејќи има одредени општини како Аеродром и Центар каде се загрижувачки бројките и се вакцинирани можеби 50 проценти од децата, рече Ставриќ.
Посочи и на случајот со морбили во Пробиштип и предноста што таму опфатот на вакцинација беше 95 проценти.
-Од примањето на првата доза од вакцината треба да поминат барем три недели за да одреагира организмот со создавање на антитела кои ќе го заштитат, потсети Ставриќ, истакнувајќи дека покрај доенчињата како најризични, висок е ризикот и за трудниците и постарите лица.
Ново на Сител
-
Четврто одложување на повтореното судење за модуларната болница
-
Времено исклучен Блок 1 од РЕК Битола
-
Kaj 30-годишник во Аеродром пронајдена, марихуана, бела грутчеста материја, таблети и пиштол
-
Прекин во работењето на системот е-Даноци
-
Шекеринска учествува на Форум за надворешна и безбедносна политика во Литванија
-
Украинските власти објавија национална воздушна тревога
-
27 годишен дечко и 28 годишна девојка се истепале пред кафана во скопски Аеродром
-
Минчев: Почнуваме со квалитетни реформи за професионална јавна администрација