Предистражна постапка против поранешниот директор Сашо Данго

Во Основното јавно обвинителство (ОЈО) Битола се преземаат дејствија во предистражна постапка против поранешниот заменик-директор на ЈП „Македонија пат“ Сашо Дранго, кој е разрешен од функцијата.
- Извршен е распит на пријавеното лице, а во тек е вештачење на неговиот мобилен телефон. Надлежниот јавен обвинител издаде и повеќе наредби до Министерството за внатрешни работи од кои по дел се уште се постапува. Кај пријавениот по барање на јавен обвинител и врз основа на судска наредба беше извршен и претрес. По завршување на сите дејствија ќе биде донесена јавнообвинителска одлука, информираа од ОЈО Битола.
Пред околу два месеца беше објавена фотографија од Сашо Дранго на која тој позира со убиена мечка, што предизвика реакција од невладината организација за заштита на животните „Анима мунди“. Дека итно ќе биде разрешен и повикан на одговорност доколку се утврди неговата вина најави и премиерот Христијан Мицкоски во јануари, а Основното јавно обвинителство во Битола оформи предмет по допрен глас.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар/аналитичар
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов член во Судски совет според нов закон, а стари критериуми
-

Масовен вандализам во Ново Лисиче: Оштетени над 40 возила
-

СДСМ со нова т.н бомба, ВМРО-ДПМНЕ ги бара документите со кои Филипче добил златна виза
-

Осумчлено семејство остана без дом, откако пожар им ја пеплоса куќата
-

ЈКП-ЈА бараат итни измени во Законот за јавни претпријатија
-

Охрид исполнет за празниците
