Предавања за медицински лица за повисока свест за ретката болест ХАЕ
Здружението на пациенти со хередитарен ангиоедем ХАЕ Македонија ќе реализира ХАЕ караван - серија предавања за медицински лица во неколку градови во државата.
Првото предавање ќе се одржи денеска во општинската сала во Домот на културата во Пробиштип. Во рамки на овој проект ќе бидат опфатени и Штип, Прилеп, Куманово, Охрид и Скопје.
Предавањата ќе ги одржи проф. д-р Весна Гривчева Пановска, а целта е да се подигне свеста за оваа ретка болест особено меѓу лекарите од примарната здравствена заштита за да може да ја препознаат кај потенцијалните пациенти, како и начините на кои може да им се помогне на пациентите.
ХАЕ е ретко заболување кое што настанува поради недостиг на крвниот протеин Ц1 инхибитор и се манифестира со отекување на делови на телото. Овие отоци, доколку се јават на одредени витални органи (како на пример грло, лице, абдомен, дишни органи), може да доведат до животно загрозувачки состојби. Во Македонија има две достапни современи терапии за ова заболување.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Априлските пензии зголемени за 2.500 денари, премиерот уверува - ќе растат платите
-
Побегнал од психијатрија и пукал на вработена во Центарот за социјални грижи во Прилеп
-
Протестен марш во Скопје
-
Тема на денот со Саит Саити, Генерален секретар на Црвен крст
-
Преглед на вестите од светот
-
Пукање во Волково - Кираџија го убил газдата, го ранил неговиот син па се самоубил
-
Позитивни вести од болниците