-->
-->
Пред несреќата 13 жени на фудбалери на Чапокоензе ставиле иста тетоважа со авион - сега сите се вдовици
-->
Неколку дена пред авионската несреќа во која животот го загубија 19 фудбалери на Чапокоензе, 13 жени на фудбалери од истиот клуб направиле исти тетоважи.
На тетоважите јасно се гледа срце и мал авион кој симболизира пат до него, открила сопругата на настраданиот капитен Клебер Сантатне.

Овие 13 парови требало заедно да заминат на одмор на 9. декември во Доминиканската Република. Жените биле толку возбудени па се решиле да направат исти тетоважи.
За жал, сега сите се вдовици.


- Клебер ми се јави од аеродромот и ми кажа дека му недостигам. Ми кажа дека ќе ми се јави кога ќе стигне во Колумбија. Повик на крај добив од друга сопруга на фудбалер која ми кажа што се случило - рекла Марија Росанела и додала:
- Сите се сложивме дека подобро ќе беше и ние да умревме со нив отколку да го преживуваме ова.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје: Водоснабдувањето постепено се стабилизира, екипите работат на терен
-
Се преврте чамец со 11 луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани
-
Трамп оваа недела очекува резултати од мировниот план за Газа
-
Јувентус и Милан ремизираа, Пулишиќ промаши пенал
-
Утрово најстудено во Берово и Крива Паланка, најмногу дожд во Крушево
-
Аеродромот во Осло привремено ги прекина летовите поради забележани дронови
-
Украинците го погодија Белгород, градот со 320.000 жители остана без струја
-
Мерц: Претпоставувам дека Русија стои зад беспилотните летала над Германија