Пред дуелот со Велс, македонските фудбалери ќе имаат контрола со Летонија
Македонската фудбалска репрезентација пред одигрувањето на последниот дуел од групата со Велс ќе одигра пријателски натпревар со Летонија. Натпреварот ќе се игра во Скопје, а терминот најверојатно ќе биде 13.ноември. Нашата репрезентација во ноемврискиот „прозорец“ има еден слободен термин, кој ќе биде пополнет со овој натпревар. Натпреварот ќе се игра на Националната Арена.
Последниот натпревар од квалификациската група избраниците на селекторот Благоја Милевски го играат на 18.ноември во Кардиф против Велс. Според распоредот на табелата и освоените бодови можно е тој натпревар со Велс да биде од исклучително значење. Македонската репрезентација во моментов е лидер со 11 бодови, пред Белгија и Велс со по 10 бодови, со тоа што Белгија има натпревар помалку одиграно.
Нашата репрезентација со Летонија одигра два натпревара во Лигата на Нациите минатата година и на двата остваривме победи со 1:0 во Скопје и 3:0 во Рига.
МИА
Ново на Сител
-
Ивановски и Поп-Арсова Рашиќ македонски претставници на СП во атлетика
-
Евробаскет 2025: Германија прв финалист
-
ЦУК: Под контрола пожарот во депонијата Дрисла, активни пожари во Кочани и Тетово
-
Трамп се закани со санкции кон Русија: Губам трпение со Путин
-
Уапсен Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк
-
Се заоструваат условите за работа на индустриските капацитети, изгласан Закон за контрола на емисиите
-
Приведени две лица од Куманово, при претрес пронајдени се 15 дронови и муниција
-
Јавните обвинители со апел до политичарите