Пребројување министерски места
Алијанса за Албанците на Зијадин Села обвини дека Коалицијата Вреди добила незначителен дел од колачот при преговорите за состав на идната влада.
„Во текот на овие три децении, Албанците воделе најмалку пет од 15 министерства, потоа шест од 15 ресори и на крајот осум од 16 министерства, без да се споменуваат министрите без ресор и вицепремиери. Се случува за прв пат Албанците да водат само четири министерства во најавената влада од ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН, и тоа четири од 16 министерства“, се наведува во соопштението од Алијанса на Албанците (АА) предводена од Зијадин Села.
Според нив, ситуацијата ќе биде уште полоша бидејќи, како што наведуваат, ќе се носат законски измени за да бидат четири министертва за Албанците од 19 ресори.
Попладнецво со став излезе Коалицијата Вреди која смета дека добила значајни позиции а дека концептот на математичко броење е надминат.
„Броењето ресори со кој раководат Албанци е концепт кој не донесе ништо добро за нашата кауза. Напротив, благодарение на политичката корупција на режимот на ДУИ, чии функционери ги гледаа ресорите како алатки за богатење наместо да бидат сервис на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ на овие избори освои 58 пратеници и преговара од позиција на апсолутен победник во македонскиот политички блок“, велат од „Вреди“.
Преговорите за состав на идната влада се уште траат но се во финална фаза. Се очекува две министерски места во владата да добие и ЗНАМ на Максим Димитриевски.
Ново на Сител
-
Во националниот парк Шар Планина најдени незаконски исечени букови дрва за огрев
-
Коцевски: Нема политичко влијание врз мојата работа, но Обвинителството се соочува со сериозни предизвици
-
Јамал под истрага за роденденската забава
-
Заради обезбедување докази за бесправна градба полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода
-
Тошковски: За пожарите досега приведени околку 20 лица, за дел има основани сомненија дека се организирана група
-
Приведен 46-годишен маж од Крушево поради злоупотреба на службена должност
-
Еднонеделен годишен одмор не можат да си дозволат 27 отсто од граѓаните на ЕУ
-
Тошковски: Македонија е далеку побезбедна од тоа што беше пред две години, за тоа говорат бројките, граѓаните и фактите