-->
-->
Православната црква на Чешка и Словачка ја призна МПЦ-ОА како „Православна црква на Северна Македонија“
-->
Светиот синод на Црквата на Чешката Репубика и на Словачка одлучи да ја признае автокефалноста на „Православната црква на Северна Македонија“, објави порталот „Ортодокстајмс“.
„Информирани сме за писмата на вселенскиот патријарх Вартоломеј за обновувањето на евхаристичката заедница со епархиите на Северна Македонија, како и за писмата на српскиот патријарх Порфирије за реинтеграција на Црквата во Северна Македонија во канонската структура на Православната црква на Србија и за давање автокефалност на Православната црква во Северна Македонија со Томосот на 20 мај 2022 година“, се вели во објавата на Светиот Синод на Црквата на Чешката Репубика и на Словачка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Прилеп утре повторно ќе добие јавен градски превоз по пауза од 3 дена поради штрајк на вработените во ЈП за ПУП
-
Цените на становите растат побрзо од платите, новите мерки на НБРМ ќе им помогнат на младите
-
Тема на денот со Урлих Цајтел, професор и советник во ЦДУ
-
Гувернерот најави поволни кредити за граѓаните кои прв пат ќе купуваат стан
-
Интерна комисија ќе истражува – колку операции на срце имало во државни и приватни болници од 2022 -2025 година
-
Експерти: Родители да не очекуваат по секоја цена нивното дете да биде професионален спортист
-
ВРЕДИ со пријава со Обвинителството - да постапи по извештајот од ревизијата за Бујар Османи
-
СДСМ: Ѓорѓиевски молчи за чаирските дивоградби