Правилен начин на миење раце

Ако ги миете рацете така што прво ги навлажнувате, потоа нанесувате сапун и на крајот ги плакнете со вода, тие нема да бидат доволно чисти, тврдат експерти.
Светската здравствена организација препорачува нова техника на миење раце која се состои од шест чекори.
Првиот чекор е да ги навлажните рацете и на нив да нанесете, па ги триете дланките една од друга.. Вториот чекор е да продолжтите да ги триете дланките, но така што прстите ви лизгаат еден покрај друг. Третиот чекор е со десната дланка ја триете левата надлактица така што прстите ќе ви се испреплетуваат и обратно.
Четвртиот чекор е да ги фатите прстите од едната рака со прстите од другата и да го триете задниот дел од прстите. Петиот чекор е триење на палците, а последниот, ротациско триење на врвовите на прстите на раката.
Потоа измијте ги рацете и исушете ги со хартиена крпа. Славината стегнете ја со хартиен пешкир.
Благодарајќи на примената на овој метод индексот на застапеност на бактерии опаднал од 3,28 на 2,58. Со техниката за миење раце кои сите ја користиме, индексот на застапеност на бактерии опаѓа од 3,08 на 2,88, пишува „Дејли Мејл“.
Ново на Сител
-

Во Струмица нов протест за почист воздух
-

Стручна конференција: Кој го изврши атентатот врз Киро Глигоров?
-

Јаневска: Со новиот закон нема да се мешаме во автономијата на универзитетите
-

Преглед на вестите од светот
-

Работниците им го блокираат патот на пратениците до Собранието
-

Владата со одлука - да се проверат на сите фирми кои имаат лиценци за производство на канабис
-

Филипче: Акцијата на власата е дефокус од прашањето како 5 тони дрога поминале низ граница
-

Стручна конференција: Триесет години од атентатот врз Киро Глигоров
