Пратеникот за француските државјани во странство во посета на Македонија
Пратеникот за француските државјани во странство од седмата изборна единица, Пјер-Ив Ле Борњ, денеска ќе го посети кампот за привремен престој во Табановце каде ќе се сретне со невладини организации партнери на Амбасадата на Франција во Македонија за да се информира за актуелната состојба во врска со бегалската криза.
За време на престојот во Македонија, тој ќе го посети Француското меѓународно училиште во Скопје (ЕФИС) и ќе оствари средба со француската заедница.
Ле Борњ ќе престојува и во Битола, каде ќе ги посети француските воени гробишта и ќе положи венец пред споменикот за да им оддаде почит на војниците кои загинале за Франција на територијата на Република Македонија во текот на Првата светска војна. Тој, исто така, ќе ја посети и локацијата на која гради Меморијалниот центар во Битола и ќе се сретне со француската заедница од Пелагонискиот регион.
Ле Борњ за времена престојот во Македонија ќе оствари и серија политички консултации.
Ново на Сител
-
Меџити го претстави мастер планот за развој на Чаир
-
Злоупотреба на општински ресурси, опрема, возила и простории за партиски цели и за овие избори
-
Фон Дер Лајен следната недела во Скопје, Австрија и Словенија ќе се залагаат за квалификувано мнозинство
-
Алиу најавува промена на 12 закони
-
Преглед на вестите од светот
-
Митинзи на СДСМ во Берово и во Делчево
-
Митинзи на ВМРО ДПМНЕ во Радовиш и во Струмица
-
20 години Меморијален центар на Холокаустот во Македонијa