Македонија
11. October 2020 - 9:21

Пратеникот од СДСМ Лазе Таневски позитивен на Ковид-19

Уште еден пратеник од Собранието е позитивен на Ковид-19, односно пратеникот Лазе Таневски од СДСМ на фејсбук напиша дека е заразен со корона вирусот. Денеска од Собранието пак информираа дека заразен со вирусот е и пратеникот од ДУИ, Исмаил Јахоски.

„Почитувани пријатели,

Сакам да ве информирам дека поради приватно неодложно патување, самоицијативно направив тестирање на КОВИД 19. За жал, и покрај почитувањето на сите мерки и протоколи од моја страна, истиот е позитивен.
Воедно сакам да ве известам дека членовите од моето семејство се тестираа и сите се негативни.

Јас се чувствувам добро и немам никакви симптоми. Мерката за изолација ќе ја испочитувам како и сите други граѓани на нашата земја.

Со сето ова кажано чувствувам голема одговорност уште еднаш да упатам апел до сите и да ја нагласам сериозноста на вирусот и можноста за зараза со молба да бидете максимално внимателни.
Со желба за побрзо оздравување и позитивни мисли Ве поздравувам.
Се гледаме наскоро“, напиша пратеникот.

Почитувани пријатели, Сакам да ве информирам дека поради приватно неодложно патување, самоицијативно направив тестирање...

Posted by Laze Tanevski on Saturday, October 10, 2020