Пратеникот од МАЕИ Стерјовски ја донираша ноемврската плата за настраданите од земјотресот
Пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), во албанскиот парламент, Васил Стерјовски ја донираше ноемврската плата за настраданите од катастрофалниот земјотрес, што Албанија ја погоди утрото на 26 ноември.
– Тоа е најмалку што можам да сторам за настраданите мои сограѓани.Заедно со градоначалникот на Пустец Пали Колефски инициравме собирање хуманитарна помош, во средства и пари и навистина сум благодарен на Македонците од општина Пустец, како и оние од Голо Брдо за покажаната солидарност и хуманост, изјави Стерјовски за МИА.
Тој од свое име и од име на МАЕИ, чиј лидер е, како и сите Македонци во Албанија, искажува искрено и длабоко сочувство до семејствата на починатите, а на повредените им посакува што побрзо закрепнување.
Mакедонска алијанса за европска интеграција од седницата на Централниот комитет одржана во Подградец, на која беа избрани четворица потпретседатели и генерален секретар, упати апел до сите Македонци во Албанија да продолжат со солидарноста и поддршка со настраданите во катастрофалниот земјотрес.
Претходно и градоначалнкот на Пустец Пали Колефски ја донираше ноемвриската плата, а 100.000 леки донираше и црквата во Пустец.
Македонците од Пустец и Голо Брдо масовно се одѕваа во собирањето хуманитарна помош за настраданите, во прехрамбени арткли, вода, средства за одржување на хигена, ќебиња, како и финансиски средства.
Ново на Сител
-
Ги забавуваа скопјани за Нова Година, ама цела година ги чекаат парите од Град Скопје
-
Нова спортска сала
-
Aмбасадорите на Пендаровски Владата ќе ги враќа со толкување
-
Армијата ќе се засилува со вработување на 300 професионални војници
-
Мицкоски: Срамно е однесувањето на големите трговци, ДПИ во засилени контроли на цените пред празниците
-
СДСМ: Новогодишната кошничка е измама, граѓаните секој ден се посиромашни
-
Мицкоски: Нема никакви основи Артан Груби да добие политички азил
-
Мисајловски најавува нови вработувања и модернизација на армијата следната година