Пратеникот Николоски на конференција за млади лидери во Брисел
Пратеникот Александар Николоски во својство на претседател на Националниот совет за евроинтеграции учествува на дводневна конференција на високо ниво за европски млади лидери во Брисел во организација на тинк-тенкот „Пријателите на Европа".
Како што се наведува во соопштението од Собранието, оваа конференција на високо ниво предвидува дебати за начините за поттикнување на граѓански активизам, трансформација на општествата, обновување на социјалниот договор и неговото влијание врз различни сектори, од климатските иновации до градењето демократија и креирање нови политики.
На конференцијата во Брисел активно учество ќе земат високи политичари од ЕУ и влијателни личности од цела Европа. Дел од учесниците се потпретседателка на Европската комисија, Вера Јоурова, естонската премиерла Каја Калас, новинарот и добитник на Пулицеровата награда, Бастиан Обермајер, основачот на „Винтед“, Јустас Јанусакас и други личности кои што се влијателни и значајни за општествените промени и случувањата во државите од кои доаѓаат.
Николоски учествува на оваа конференција на високо ниво како резултат на неговиот избор во 40 највлијателни млади лидери под 40 години во Европа и ќе има можност да се обрати и да ги претстави ставовите и погледите за иднината на Европа, како и за политичките случувања во регионот и кризата со која се соочува Европа.
Пратеникот Николоски ќе оствари бројни билатерални средби на кои ќе информира за актуелните случувања, политичката и економска состојба во државата, се посочува во соопштението од Собранието.
Ново на Сител
-

Во голем пожар изгореа неколку куќи и штали во прилепското село Чаниште
-

Teма на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво
-

Пресек на состојбата со пожарите: Каде гори во Македонија?
-

Три смртни случаи од западнонилска треска за една недела – ДСЗИ проверува колку прскале општините
-

Резултатите за водата во Гостивар ќе ги објават Комуналец и општината
-

Дизелот од полноќ поскапува за 6,5 денари, бензините за 4,5 ден/литар
-

Сточарите бараат вакцинација против сипаници кај овците, АХВ најавува 500.000 вакцини од Турција
-

Вештачење за „Пулс“: Непрописен излез, двојно повеќе гости и диви градежни зафати во објектот
