Балкан
2. March 2016 - 12:05

Пратеник на Златна зора - „Нелегално е во Грција оваа земја да се нарекува Македонија"

Пратеникот и портпарол на Златна зора, го прекинал интервјуто за ББС и ја избркал новинарската екипа само затоа што, новинарката го употребила нашето уставно име и рекла Македонија.
 
prevnext
„Нелегално е во Грција оваа земја да се нарекува Македонија. Бидејќи Македонија е регион во нашата земја. ОК?“ – и вели Илијас Касидиарис на новинарката, а неколку секунди подоцна, ги замолува да ја напуштат просторијата, бидејќи, како што коментира Златнозорецот, екипата на ББС сакала да направи шоу.
 
Во продолжение погледнете го видео документот од моментот кога Касидиарис ги брка новинарката и снимателите од ББС.