Пратеник на ОН: Спорот за Кипар ќе биде решен до крајот на оваа година
Постигнат е голем напредок во разговорите за Кипар, а можно е и решение до крајот на годината, иако тоа звучи амбициозно, изјави норвешкиот специјален пратеник на ОН за Кипар Еспен Барт Еид.
Тој оваа изјава ја даде како одговор на прашањето на агенцијата АНА, дали е остварлива најавата на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, која ја даде кон почетокот на годинава, дека „проблемот со Кипар ќе биде решен до крајот на 2016“.
Еид истакна дека изјавата на Бан ја следеле бројни потврди од кипарскиот претседател Никос Анастасиадес и лидерот на кипарските Турци Мустафа Акинци, додавајќи дека ќе биде потребна „напорна работа ветеното да се постигне“.
- Звучи амбициозно, но е можно. Разговорите во Атина беа токму на темите за безбедноста и гаранцијата кога ќе стигнеме до моментот кога на маса ќе биде поставено прашањето за меѓународните димензии, нагласи Еид.
Ново на Сител
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Тема на денот со Д-Р Дејан Докиќ, специјалист пулмоалерголог од клиниката за пулмологија и алергологија
-
10 жртви во пожарите во Лос Анџелес
-
Пет интерпелации на денешната собраниска седница
-
Тошковски: Повторно го повикувам Груби доброволно да се врати во Македонија и да ја докаже својата невиност
-
Избришано видеото со Ахмети во униформа на УЧК
-
Министерството го вклучи алармот за загадениот воздух