-->
-->
Пратениците треба да достават анкетни листови до Антикорупциска
-->

Пратеничкиот мандат со себе носи и права и обврски. Една од обврските на новите 120 пратеници, но и на пратениците на кои им престана мандатот што треба да ја завршат до 30 јануари, е да поднесат анкетен лист и изјава за имотната состојба до Државната комисија за спречување на корупцијата.
Според Законот за Собрание, пратеникот е должен најдоцна во рок од 30 дена од верификацијата на мандатот да пополни анкетен лист со детален попис на недвижен имот, подвижни предмети од поголема вредност, хартии од вредност и побарувања и долгови, како и друг имот што е во негова сопственост, или сопственост на членовите на неговото семејство, со наведување на основот на стекнување на пријавениот имот и депонира заверена изјава од нотар за откажување од заштита на банкарска тајна во однос на сите сметки во домашни и странски банки.
Пратеникот, исто така, е должен да пополни анкетен лист во рок од 30 дена по престанокот на мандатот.
Доколку пратеникот во рок од 30 дена по престанокот на мандатот биде избран или именуван на иста или на друга функција е должен да ја извести Државната комисија за спречување на корупцијата за новиот избор или именување.
Податоците од анкетните листови на пратениците, според Законот, претставуваат информации од јавен карактер освен податоците заштитени со закон и се објавуваат согласно со закон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Трајковски, Асоцијација на специјализанти и млади лекари
-
Грета Тунберг на протест за Дошница
-
Преглед на вестите од светот
-
Цела недела топлотен бран – од утре мало разладување
-
Спречен обид за подметнување пожар на Водно, гори на шест локации во Македонија
-
62 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
-
Иницијативата за протоколот со Бугарија пред уставните судии по летните одмори
-
Османи: Автономијата во одлучувањето е духот на Охридскиот договор