Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ поднесоа закон за намалување на старосната граница за пензија за рударите
Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и од Коалицијата „За подобра Македонија“ поднесоа Предлог на закон за остварување на правото на пензија за работниците во рударството.
Пратеничката Слаѓана Митовска денеска во Собранието изјави дека предлог-законското решение е поднесено во текот на вчерашниот ден и оти се работи за закон во редовна постапка со кој се бара да се намали старосната граница за пензионирање на лицата кои работат на овие работни места, односно на рударите кои работат на работни места и своите работни задачи ги извршуваат под земја.
- Овој Предлог закон предвидува единствен услов за остварување право на старосна пензија за вработените во рударството да биде пензискиот стаж, со што ќе биде овозможено овие вработени правото на пензија да го остварат порано од останатите категории на работници. Имено, за работниците кои работат на работни места и своите работни задачи ги извршуваат под земја во рударската дејност, а стажот на осигурување се смета со зголемено траење, ефективно најмалку 15 години, правото на старосна пензија ќе може да го остварат со навршување на вкупен пензиски стаж од 40 години за мажи односно 35 години за жени, без оглед на нивната возраст, појасни Митовска.
Таа изрази уверување дека предлог законското решение ќе добие поддршка и од пратениците на СДСМ.
Ново на Сител
-
Украина: Русија нема да престане додека не биде запрена
-
Трамп: Разговарав со Нетанјаху, се согласивме по сите прашања
-
Кривичен суд Скопје: Неосновано барањето за замена на мерката притвор со гаранција за Асмир Јахоски
-
Гори ѓубриште и трева кај поранешна Циглана – Драчево, информира ЦУК
-
Единаесет сообраќајни несреќи на патиштата низ истокот, за време на Велигденските празници
-
МЗШВ: Исплатени се 224.748.332 денари кон 7.826 лица за мерката 1.9 за остварено производство на овошје за 2024 година
-
Во Италија прогласена петдневна жалост
-
МВР: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки