-->
-->
Познато во колку часот шампионите утре ќе слетаат во Скопје!
-->
Екипата на Вардар е нов европски првак откако вчера во Келн во финалето на ракометната Лига на шампиони, го совлада Пари Сен Жермен со 24:23. Според нашите информации, ракометарите на Вардар утре во 11 часот ќе слетаат на скопскиот аеродром.
Како што заслужуваат, македонските фанови ќе ги пречекаат рамкометарите на Вардар утре- кога ќе слетаат на аеродром и ќе ги придружуваат сѐ до плоштадот Македонија.
Ова синоќа го потврди и градскиот татко Коце Трајановски.
-Град Скопје во вторник ќе го организира пречекот на нашите шампиони. Да ги дочекаме достоинствено, напиша на својот ФБ профил Трајановски.
Македонија го доби првиот европски ракометен шампион во машка конкуренција и по 15 години повторно има екипа континентален првак.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Под истрага 18 членови на „Беланоца – Барон“
-
Претседателката Сиљановска Давкова го прими специјалниот пратеник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Стјуарт Пич
-
ДСЗИ со вонреден инспекциски надзор за починатото седуммесечно бебе
-
Тошковски: Кривична пријава за поранешниот премиер и вицепремиер
-
Седуммечесно бебе почина на Детската клиника
-
Финансиски соработник во СОЗР осомничен за злоупотреба на службената положба, 23 други лица осомничени за прикривање
-
Сијарто: На Украина и треба примирје, а не дополнително вооружување
-
Совети за поцврста врска