Познатите се простуваат со Зеко: Беше ѕвезда на скопскиот асфалт!
Голем број на музичари, актери, композитори и јавни личности денес со трогателни објави на социјалните мрежи се простуваат од Горан Атанасов – Зеко (56), поранешен пејач и шоумен, а во изминативе години сопственик на кафулиња, дискотеки и клубови.
За него, со носталгија велат дека бил еден вид на создавач на ноќниот живот во Скопје, кој ќе остане запаметен по своите оригинални идеи, но и песните кои ги одбележаа деведесеттите години на минатиот век, на нашата музичка сцена. Со зборовите – легенда, ѕвезда на скопскиот асфалт и неповторлив лик, многумина се навратија во спомените во времето пред дваесеттина години, кога Зеко беше сензација на сцената. Речиси нема кој не се сеќава на хитовите ,,Шток ми бејби’’, ,,Дај ми, жити се’’, Нема спас’’ и други од неговиот репертоар, кои ги изведуваше ширум земјата со култната скопска атракција Хавана Бенд, заедно со Игор Џамбазов и Сашо Пижевски.
Иако во последните години не беше активен на сцената, сепак повремено и се навраќаше на музиката. Со композиторот Александар Митевски во 2009 година ја снимија песната ,,Балада за мајка ти и татко ти’’, а композиторот порача дека го има чувството како Зеко ги пораснал сите во Скопје, ги научил на музика и бил симбол на другарство, ведрина, грижливост.
-Со Зеко и со Хавана Бенд ја снимивме ,,Балада за мајка ти и татко ти’’ во 2009 година. Тоа беше последната песна на Хавана Бенд. За да ги набројам сите негови позитивни карактеристики ќе ми треба цела листа, и ова е огромна загуба – ни изјави Митевски.
Атанасов починал по кратко боледување на 56-годишна возраст.
Ново на Сител
-
Ѓорѓиевски на средба со градоначалникот Зоран Јанковиќ: Љубљана ќе биде град-партнер за развојот на Скопје
-
Фон дер Лајен го најави 19-от пакет санкции против Русија по синоќешниот ракетен напад врз Киев
-
МОН објави обука за наставници за примена на вештачката интелигенција во наставата
-
Почина возач откако излетал од патот кај селото Облешево
-
На Табановце се чека околу 30 минути
-
Унгарија ја тужи ЕУ за користење на каматата од замрзнатите руски средства за помош на Украина
-
Еден починат и тројца повредени во сообраќајка кај Градско
-
Трамп сака да го ограничи времетраењето на визите за странски новинари и студенти