-->
-->
Познатиот пејач ја прекинува кариерата
-->
Мајкл Бубле реши да ја стопира својата музичка кариера како би се посветил на својот 3 годишен син кој боледува од рак.

На синот на славниот пејач и славната актерка од Млади бунтоници Лусијана Лопилато му беше дијагностициран рак на црниот дроб, па сега му следуваат 4 месеци хемотерапија.
„Тој нема да пее додека детето не му оздрави. Се затвори и мислам дека не ги проверува ниту социјалните мрежи, но сигурен сум дека ја чувствува љубовта и поддршката која му ја праќаат милиони луѓе“, изјави пријател на пејачот.
Тој додава дека Мајкл е во добра состојба и дека верува во лекарите кои се грижат за неговиот син.
Во соопштението кое го објави славниот брачен пар, велат дека професионалните обврски ги одложиле поради здравствените проблеми на својот син Ноа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Мицкоски: Ги следиме случувањата во Србија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-
Диви депонии
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Спасувачка акција на Мавровскo езеро
-
Почина мотоциклист по тешката сообраќајка во Влае - моторот преполовен на два дела
-
Мицкоски: Без разлика дали ми се допаѓаат или не, нема да коментирам судски одлуки